Во неизвесна завршница МЕПСО и Џојсон Сејфти Системс ги поделија бодовите

МЕПСО 5-5(1-1) Џојсон Сејфти Системс

МЕПСО: Зоран Деспотовски 33’ Борис Трајковски 5’ 32’ Стефан Коцевски 39’ 40’
Џојсон Сејфти Системс: Стефче Влековски 37’ Нерди Бајрами 24’ Борче Агриловски 10’ 25’ 39’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на МЕПСО и Џојсон Сејфти Системс, уште на самиот почеток на натпреварот и двете екипи започнаа со офанзивен стил на игра па се редеа шанси на двате страни. ЕКипата на МЕПСО во 5та минута успеа да искористи грешка во одбраната на Џојсон Сејфти Системс и успеа да го отвори резултатот, по ова екипата на Џојсон Сејфти Системс направи неколку промени во играчкиот кадар и започна со поофанзивна игра што вроди во 10та минута и израмнување на резултатот. До крајот на полувремето и двете екипи имаа свои одлични периоди на игра успеаа да создадат шанса за погодок но имаа слаба реализација па на полувремето заминаа со 1-1. На стартот од второто полувреме екипата на Џојсон Сејфти Системс изврши силен притисок кон голот на МЕПСО и со два погодоци во 24та и 25та минута успеа да направи целосен резултатски пресврт и да создаде вотство од 1-3. Екипата на МЕПСО не се откажуваше лесно од овој натпревар и со погодоците во 32та и 33та минута успеа да дојде до израмнување и да ја направи завршницата од натпреварот супер интересна. По ова следуваа два погодоци за екипата на Џојсон Сејфти Системс во 37та и 39та минута за водство од 3-5 а веднаш потоа следуваше брз одговор од МЕПСО во 39та и 40та минута за израмнување на 5-5 и поделба на бодовите.