Во неизвесна завршница победа вредна финале за екипата на Макпетрол

Макпетрол 4-3(1-1) Лукоил

Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 8’ Игор Стојковски 31’ 40’ Александар Мишоски 39’

Лукоил: Љупчо Апостоловски 13’ Дејан Зиков 36’ 39’

Ф4 разигрувањето го отворија екипите на Макпетрол и Лукоил, и двата тима во овој натпревар влегоа со доза на претпазливост па воведните минути ни понудија подефанзивен стил на игра без многу шанси за погодок на двете страни.Како одминуваше времето двете екипи се ослободија од почетниот притисок и започнаа со напаѓачки фудбал, што донесе погодок за екипата на Макпетрол во 8та минута за водство од 1-0. По ова следуваше жесток притисок на екипата на Лукоил со цел да дојде до израмнување што им успеа во 13та минута. До крајот на полувремето двете екипи имаа свои шанси за погодок но голманите со одлични интервенции ги сочуваа своите мрежи мирни, па на полувреме се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме двете екипи продолжија со високо темпо на игра и успте на самиот старт почнаа да се редат шанси за погодок и на двете страни. Екипата на Макпетрол во 31та минута успеа да реалзира една од шансите за водство од 2-1. Во преостанатиот дел од времето екипата на Лукоил со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Макптерол одлично ја постави играта во одбраната и успеваше да одолее на пристисокот се до 36та минута кога со погодокот на Зиков екипата на Лукоил дојде до израмнување на 2-2. Последните минути од натпреварот беа вистинска драма , екипата на Макпетрол успеа да постигне погодок за 3-2 во 39та, следуваше брз одговор и веќе во следниот напад екипата на Лукоил израмни на 3-3. И кога се очекуваше натпреварот да се одлучува со пенал завршница , во последните секунди екипата на Макпетрол успеа да реализира за победа од 4-3 и влез во финале.