Во тензичен натпревар екипте на Џонсон Мети и Гранит ги поделија бодовите

Џонсон Мети 6-6(3-2) Гранит

Џонсон Мети: Христијан Стојановски 11’ 36’ Бојан Дејановски 38’ Мартин Николовски 25’ Благоја Божиновски 18’ Александар Недев 8’

Гранит: Дарко Петровски 30’ 39’ Дарко Стојановски 18’ Николче Глигуровски 9’ 26’ 38’

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Гранит, прво во водство дојде екипата на Џонсон Мети со погодок во 8’ минута, следуваше брз одговор на екипата на Гранит со погодок во 9та минута и израмнување на 1-1. По ова екипата на Џонсон Мети ја превзеде иницијативата и со погодоци во 11та и 18та минута успеа да се стекне со водство од 3-1. По оваа негатива екипата на гранит со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок, а тоа им успеа во 18та минута со погодок на својот голман Стојановски за резултат од 3-2 со кој се замина на паузата. На стартот од вториот дел екипата на Џонсон Мети успеа да постигне погодок и да го зголеми водството од полувремето, но веќе следната минута екипата на Гранит успеа да реализира и повторно да се врати на само гол негатива. По ова екипата на Гранит се префрли на противничко поле вршејќи притисок со цел да дојде до израмнување што им успеа во 30та минута од полувремето на резултат од 4-4. До крајот на натпреварот двете страни успеаа да постигнат по два гола па екипите на крајот ги поделија бодовите со резултат од 6-6.