Екипата на Вип убедлива во дуелот со Окта

Вип 11-4(6-2) Окта

Вип: Мартин Ангеловски 5’ 24’ 40’ Сашо Србаков 33’ Мартин Тодоровски 2’ 17’ 26’ Иле Никодиновски 29’ Никола Спасевски 10’ Васе Дојчинов 8’ 12’
Окта: Славчо Стојковски 28’ Драганчо Ѓорѓиевски 14’ Александар Јовчевски 12’ Драганче Стојановски 37’

Екипата на Вип одлично го отвори дуелот против екипата на Окта и со погодоци постигнати во раната фаза од полувремето се стекна со комотно водство. Екипата на Окта со сите сили се обидуваше да го намали високото водство на Вип и да фати резултатски приклучок, делумно тоа им успеа со погодоци во 12та и 14та минута. Сепак до крајот на полувремето екипата на Вип не дозволи изненадување и со одлична игра во фаза на одбрана и напад успеа да го сочува водството и на полувреме да замине со предност од 6-2. Во второто полувреме се продложи со високо темпо на игра во кое екипата на Окта на сите начини се обидуваше да најде против игра на денес расположената екипа на Вип, но екипата на Вип со рутинирана игра во ова второ полувреме успеа да го добие натпреварот со 11-4.