Еуро Табак со тимска игра до победа над Тиквеш

Еуро Табак 7-3(4-1) Тиквеш

Еуро Табак: Филип Поповски 16’ Дејан Младеновски 14’ 20’ 34’ Мартин Ливрински 11’ Дејан Јанковски 34’ Григориј Јовановски 39’
Тиквеш: Нинослав Ранѓеловски 31’ Деко Марков 19’ 33’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Еуро Табак и Тиквеш, воведните минути од натпреварот одминаа во испитување на силите каде играчите со удари од далечина и соло акции се обидуваа да сторант нешто повеќе. Како одминуваше времето екипата на Еуро Табак го засили темпото на игра што и донесе погодоци во 11та и 13та минута за водство од 2-0. По ова екипата на Тиквеш започна со поагресивна и отворена игра како би фатила резултатски прилучок, но таквата отворена игра остави простор во одбраната на Тиквеш што екипата на Еуро Табак успеа да го казни со евро голот на својот голман Поповски во 16та минута за водство од 3-0. До крајот на полувремето двете екипи постигнаа по еден гол па на паузата се замина со 4-1. Во второт полувреме екипата на Тиквеш започна со агресивна игра уште на самиот старт со цел да ја намали разликата од полувремето, во дел од полувремето успеа да се доближи на два гола негатива но немаше сила да стори нешто повеќе во овој натпревар па разиграната екипа на Еуро Табак го доби овој натпревар со 7-3.