Лукоил со фуриозна завршница до висока победа над МЕПСО

МЕПСО 4-9(3-4) Лукоил

МЕПСО: Александар Јоксимовски 2’ Борис Трајковски 29’ Диме Рошковски 15’ Слаѓан Ѓоргиевски 14’
Лукоил: Марјан Цветковски 6’ 32’ Владимир Секуловски 31’ Гоце Мојсовски 40’ Лоренцо Николовски 4’ 36’ 38’ Антонио Фенов 15’ 20’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на МЕПСО и Лукоил, видовме рано водство на екипата на МЕПСО уште во втората минута. По ова екипата на Лукоил тргна во целосна офанзива и вршеше притисок кон голот на МЕПСО па успеа до 6та минута да постигне два погодоци и да направи целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Лукоил успеа да ја сочува предноста од еден гол и на паузата да замине со предност од 3-4. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра и се редеа шанси за гол и на двете страни. Екипата на Мепсо кон средината на полувремето поточно во 29та минута успеа да постигне погодок за израмнување на резултатот. Последните минути од натпреварот во целост и припаднаа на екипата на Лукоил која со одлична игра во фаза на напад и одбрана успеа да направи висока предност и да го добие натпреварот со резултат од 4-9.