Македонски Телеком со сигурна игра до победа над Окта

Македонски Телеком 8-2(2-1) Окта

Македонски Телеком: Стефан Наскоски 10’ Гоце Филипов 25’ 27’ Џенис Бекир 10’21’ 33’36’ Филип Колевски 29’
Окта: Драганчо Ѓоргиевски 36’ Иван ДИмитриевски 19’

Интересно првополувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и Окта, екипата на Телеком уште на самиот старт ја превзеде иницијативата и се префрли на противничко поле и вршеше притисок кон голот на Окта тоа и донесе резултат во 10та минута со два постигнати погодоци и водство од 2-0. ПО ова екипата на Окта го засили темпото на игра и со сите сили се обиде резултатски да се врати во натпреварот а до полувремето успеа само да го намали водството на телеком на 2-1. На стартот на второто полувреме екипата на Телеком успеа да постигне уште два погодоци и да го зголеми водството на 4-1, оваа висока негатива екипатра на Окта се обиде да ја смали со промена на тактиката и внесуување на голман игра, но екипата на Телеком не дозволи изненадување и го доби натпреварот со високи 8-2.