Макпетрол поуспешни од Лукоил во нафташкото дерби

Макпетрол 6-3(3-1) Лукоил

Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 20’ 28’ Ибраим Исмаили 15’ Игор Стојковски 4’ 32’ Александар Мишоски 23’
Лукоил: Лоренцо Николовски 29’ 40’ Антонио Фенов 11’

Нафтеното дерби помеѓу екипите на Макпетрол и Лукоил го отвори екипата на Макпетрол на самиот старт во 4та минута преку Стојковски со што дојде до водство од 1-0. Екипата на Лукоил преку Фенов успеа да израмни на 1-1 во 11та минута, но екипата на Макпетрол имаше одлично поставена игра и со висок ритам успеаа на полувремето да заминат со предност од 3-1. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со одлична игра играјќи во висок ритам со чести измени успеа да одржи резултатска предност стекната од првото полувреме. Екипата на Лукоил иако се трудеше да најде против игра за вечерва расположениот Макпетрол не успеа во тоа па Макпетрол го доби овој натпревар со 6-3.