Матрикс убедливи во дуелот со С.Ц. Борис Трајковски

С.Ц. Борис Трајковски 1-8(1-3) Матрикс

С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 11’
Матрикс: Никола Христовски 21’ 26’ Дарко Цветковски 20’ Драган Брњарчевски 28’ 33’ Петре Даиловски 18’ Симеон Коцески 19’ 32’

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу С.Ц. Борис Трајковски и Матрикс помина во мирен иртам на игра во кој и двете екипи ги испитуваа силите. Како одминуваше времето и двете екипи го подигнаа темпото на игра и почнаа да се редат шанси на двете страни. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски со голот на својот голман играч го отвори резултатот во 11та минута за водство од 1-0. По ова екипата на Матрикс се префрли пред голот на С.Ц. Борис Трајковски и вршеше силен притисок со цел да дојде до израмнување. Последните минути од полувремето екипата на Матрикс ги одигра во пеколен ритам и за само три минути успеа да постигне три погодоци за целосен пресврт и резултат од 1-3 со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи со високот темпо на игра и го зголеми водството на 1-4, по ова голема негатива екипата на С.Ц. Борис Трајковски беше приморана со сите сили да се префрли на протвиничката половина со цел да додјде до израмнување но таквата отворена игра ги чинеше скапо бидејќи екипата на Матрикс преку контра напади од минута во минута го зголемуваше водството за победа на овој натпревар со убедливи 1-8