Матрикс убедлив во дуелот со МЕПСО

Матрикс 12-3(6-2) МЕПСО

Матрикс: Дарко Цветковски 9′ Антонио Богдановски 6′ 30′ Драган Брњарчевски 3′ 11′ 22′ 36′ 37′ Петре Даиловски 31′ Симеон Коцевски 17′ Ивица Алампиоски 5′ 40′
МЕПСО: Зоран Деспотовски 20′ Диме Рошкоски 6′ 37′

Првиот дел од натпреварот во целост и припадна на екипата на Матрикс која уште на самиот старт наметна високо темпо на игра за кое екипата на МЕПСО не успеа да најде против игра. Во 3та минута Брњарчевски го отвори резултатот со водство од 1-0, неколку минути подоцна уште еден погодок за екипата на Матрикс и комотно водство уште во раната фаза. До крајот на полувремето екипата на Матрикс со одлична игра од минута во минута само го зголемуваше водството за високи 6-1 на полувремето. На стартот од вториот дел екипата на МЕПСО се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Матрикс и со сите сили се обидуваше да се врати во натпреварот . Но екипата на Матрикс со одлична игра во одбраната и нападот не и дозволи на екипата на МЕПСО да стори нешто повеќе па го доби овој натпревар со високи 12-3