Осврт на тринаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Пролетниот дел од Бизнис Лигата на Македонија започна со тринаесетото коло
Во тринаесетото коло беа одиграни 12 возбудливи натпревари полни со пресврти одлични индивидуални акции и прекрасни погодоци.

Во првиот натпревар од 13 коло силите ги одмерија екипите на ЕВН и Маркарт
Првиот натпревар од пролетниот дел го одиграа екипите на ЕВН и Маркарт, првото полувреме и припадна на екипата на ЕВН која одлично го отвори натпреварот и до 10та минута имаше солидна предност од 3-0. Екипата на Маркарт вршеше притисок кон голот на ЕВН со цел да го намали високото водство но екипата на ЕВН со одлично поставена игра во одбраната одолеа на притисокот и успеа да го добие првото полувреме со резултат од 3-0. Во второто полувреме ја видовме екипата на Маркарт во едно друго светло, уште на самиот старт наметнаа висок ритам на игра и вршеа жесток притисок кон голот на ЕВН што им донесе израмнување во 34та минута од натпреварот за последните минути од натпреварот да бидат вистинска драма. Во ваквата драматична завршница поуспешна беше екипата на ЕВН која со гол во последната минута од натпреварот ги однесе бодовите со резултат од 4-3.

Стрелци на погодоците беа:
ЕВН: Томи Илиевски 5’ Наумче Бадаловски 9’ 40’ Ајет Новобрдарија 10’
Маркарт: Пеце Стојанов 31’ 32’ Мартин Стојанов 34’

УНИКА со убедливо прво полувреме дојде до победа над Искрател Груп
Првиот дел од натпреварот помеѓу екипите на УНИКА и Искрател Груп и припадна на екипата на УНИКА која уште на самиот старт ја превзема иницијативата и со два погодоци во 3та минута на Нешовски успеа да го превземе водството. По ова екипата на Искрател Груп започна со нешто поагресивна игра што им донесе погодок во 7та минута и намалување на водството. Сепак до крајот на полувремето екипата на Уника со одлична игра во одбраната и нападот успеа да го добие полувремето со високи 7-3. Во второто полувреме екипата на Искрател Груп со сите сили се обидуваше да ја намали високата негатива од првиот дел во што и делумно успеа но не и целосно да и се спротистави на денеска расположената екипа на Уника која го доби овој натпревар со резултат од 9-6.

Стрелци на головите беа:
УНИКА: Арбен Нухиу 14’ 33’ Банјамин Граинца 10’ 12’ 17’ 31’ Тимотеј Нешовски 3’ 3’ 11’
Искрател Груп: Дарко Видиниќ 20’ Никола Велевски 7’ 33’ 38’ 40’ Никола Трајковски 14’

Македонски Телеком со одличен финиш дојде до победа над С.Ц. Борис Трајковски
Одлично прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и С.Ц. Борис Трајковски, екипата на телеком со погодокот на Лазаревски во 5та минута го отвори резултатот за водство од 1-0. По ова екипата на Телеком доби дополнителен мотив и тргна уште пожестоко кон голот на Борис Трајковски што им донесе водство од 2-0 во 13та минута. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски по оваа негатива се префли на противничката половина и вршеше притисок кон голот на Телеком па успеа да постигне гол во 15та минута и да го намали водството. До крајот на полувремето и двете екипи имаа по неколку одлични акции но не успеаа да реализираат па на паузата се замина со 2-1. На стартот од второто полувреме екипата на Телеком успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 3-1, но екипата на С.Ц. Борис трајковски не се откажуваше лесно од овој натпревар и со одличните погодоци на својот голман играч Костов успеваше резутатски да парира до самиот финиш од натпреварот. Сепак екипата на Телеком последните минути од натпреварот ги одигра одлично и успеа да го добие овој натпревар со резултат од 7-4.

Стрелци на головите беа:
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 5’ 31’ Стефан Наскоски 35’ 40’ Даниел Анчевски 23’ 33’ Марко Магденовски 13’
С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 26’ 33’ 39’ Оливер Китановски 15’

WP Data Tables

Лукоил во висок ритам до победа над Аџибадем Систина
Екипата на Лукоил мошне мотивирано влезе во натпреварот против екипата на Аџибадем Систина. Уште на самиот старт наметна висок ритам на игра и со пресинг по целиот терен не и дозволи на Систина да ја игра својата препознатлива игра. Во првото полувреме преку контра напади екипата на Лукоил успеа да си обезбеди водство од 4-2. Во второто полувреме екипата на Лукоил продолжи во ист ритам не давајќи и на екипата на Систина да фати резултатски приклучок и да се врати во натпреварот. Во текот на целото второ полувреме и до крајот на мечот Лукоил успеа да ја задржи предноста и да дојде до победа од 7-3.

Стрелци на головите беа:
Лукоил: Марјан Цветковски 40’ Александар Аврамовски 5’ Игор Дамјановски 12’ Мартин Алаѓозовски 26’ Лоренцо Николовски 16’ 17’ 27’
Аџибадем Систина: Никола Малјановски 3’ Кристијан Димковски 18’ Далибор Дамјановски 33’

Сава Осигурување со одличен финиш до победа над Уни Банка
Екипите на Уни Банка и Сава Осигурување натпреварот го започнаа со отворен фудбал и целосен акцент на нападот. Во првото полувреме екипата на Сава Осигурување имаше подобра реализација додека пак Уни Банка не успеа еколку чисти шанси за гол да ги реализира па на полувремето Сава Замина со предност од 1-3. Во второто полувреме екипата на Уни Банка преку колективна игра успеа да го израмни резултатот и со тоа натпреварот влезе во егал завршница. Во самиот финиш екипата на Сава Осигурување ги консолидира своите редови и со одлична реализација успеа да извојувца победа од 6-10.

Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Ивица Орозовски 23’ 27’ Марко Ташков 17’ Владислав Хаџидинев 21’ Ангел Петков 35’ Александар Кузинаков 34’
Сава Осигурување: Јовица Марковски 10’ 19’ Коста Глигуровски 8’ 24’ 31’ 38’ Андреј Китановски 27’ 37’ Трајче Илиевски 39’ 40’

Фабрика Карпош – ГИМ со некомплетен состав го загуби дуелот со Џонсон Мети
На самиот сарт од првото полувреме екипите на Фабрика Карпош и Џонсон Мети играа егал, по што екипата на Џонсон Мети со одлична одбрана и брз контра напад успеа да дојде до водство. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ беше значително ослабена во играчкиот кадар и натпреварот го играше без помош од клупата. Па полувремето го доби екипата на Џонсон Мети со 1-3. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети со чести замени држеше висок ритам на игра кој ослабената екипа на Фабрика Карпош – ГИМ не можеше да го следи. Во ваквата поставеност на играта екипата на Џонсон Мети го доби овој натпревар со високи 2-8.

Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Мики Нешиќ 10’ Кристијан Панев 35′
Џонсон Мети: Благоја Божиновски 5’ 25′ 34′ Александар Недев 9’ 17’ 38′ Љупчо Стојановски 31′ 35′

ВИП ја искористи кратката клупа на ЕЛЕМ и дојде до победата
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и ВИП. И на двете страни се играше доста цврсто во одбраната екипите не дозволуваа лесно да се дојде до отворен шут на гол. Во ваквата израмнета игра и двете екипи успеаа да постигнат по два гола и на полувремето да заминат со нерешен резултат. На почетокот на второто полувреме се продолжи со егал натпревар но екипата на ВИП успеа да ја искористи кратката клупа на ЕЛЕМ и со чести измени држеше високо ниво на игра што на крајот резултираше со висока победа од 3-6.

Стрелци на головите беа:
ЕЛЕМ: Павле Маџовски 9’ Златко Станковски 12’ Ивица Апостоловски 22’
ВИП: Мартин Тодоровски 3’ 20’ 27’31’ Васко Дојчинов 35’ Мартин Ангеловски 40’

WP Data Tables

Окта беше супериорна во дуелот со LC Waikiki
Екипите на LC Waikiki и Окта одиграа прво полувреме во кое кај Окта до израз доаѓаше колективната игра, додека пак кај LC Waikiki беше воочлива слабата физичка подготвеност. Иако на полувремето се отиде со 3-1 во корист на Окта екипата на LC Waikiki беше настојчива и се обидуваше да фати резултатски приклучок. Окта продолжи со тимска игра и максимално ја користеше долгата клупа што вроди со плод и се стекнаа со високи 9-1 на 7 минути до крајот на мечот. LC Waikiki на 4 минути до крајот на мечот со 4 погодоци успеа да го ублажи поразот кој на крајот изнесуваше 12-5.

Стрелци на головите беа:
Окта: Драганче Стојановски 25’ 29’ 40’ Живко Котевски 40’ Александар Јовчевски 21’ 22’ Душан Босиљанов 6’ 11’ 28’ 40’ Виктор Ристовски 14’ 30’
LC Waikiki: Едит Салковиќ 34’ 35’ 37’ Алојз Перхај 5’ Стефан Цветановски 35’

Пекабеско со фантастична игра до победа над ЈСП
Екипата на Пекабеско во дуелот со ЈСП одигра префектно прво полувреме. Во текот на целото полувреме играше борбено со притисок во предно поле и со огромна желба за победа. Екипата на ЈСП како да беше малце изненадена од ваквата игра па Пекабеско на полувремето отиде со водство од 0-3. Во второто полувреме Пекабеско продолжи со ист ритам на игра но ЈСП успеа да ги консолидира своите редови и со нешто поорганизирана игра да го намалува водството. Екипата на Пекабеско о финишот покажа карактер успе да го сочува водството и да го добие овој натпревар со 4-5.

Стрелци на головите беа:
ЈСП: Маријан Србиновски 34’ Љупчо Павловиќ 26’ 28’ Сабит Хусеини 38’
Пекабеско: Андрија Периќ 18’ Мартин Здравевски 29’ Стефчо Стојановски 11’ Стефан Благоевски 17’ 27’

Еуро Табак под тренерската палка на Буцевски до победа над МЕПСО
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Еуро Табак и МЕПСО, прва во водство дојде екипата на МЕПСО во 5та минута со погодокот на Рошковски. По ова екипата на Еуро Табак се префрли на противничко поле и вршеше притисок кон противничкиот гол па успеа за само неколку минути да направи целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето двете екипи играа отворен фудбал со многу шанси за гол, во ваквата игра поуспешна беше екипата на Еуро Табак која го доби полувремето со резултат од 6-1. На стартот од второто полувреме екипата на МЕПСО со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Еуро Табак не дозволи изненадување а преку брзи контра напади од минута во минута успеваше да ја казни екипата на МЕПСО и на крајот да го добие овој натпревар со убедливи 13-4.

Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Дејан Јанковски 9’ 15’ 16’ 20’ 27’ 33’ Мартин Ливрински 7’ 29’ 29’ 39’ 40’ Бојан Марковски 20’
МЕПСО: Диме Рошковски 5’ 33’ 38’ Тони Честојнов 34’

Рамстор преку брзи контра-напади до победа над Алклаоид
Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Алкалоид и Рамстор одмина со жестока борба на средината од теренот, играчите на двете екипи беа претпазливи и се обидуваа со соло акции и удари од далечина да направат нешто повеќе. Одбраните на двете екипи функционираа одлично се до 17та минута кога екипата на Рамстор од прекин успеа да искористи кикс во одбраната на Алкалоид и да го превземе водството. До крајот на полувремето екипата на Алкалоид успеа да створи неколку прилики за израмнување но екипата на Рамстор до паузата го зачува водството од 0-1. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра, екипата на Алкалоид се префрли на противничко поле со цел да го израмни резултатот што ја направи ранлива во одбраната. Екипата на Рамстор со брзи контра напади ги користеше дупките во одбраната на Алкалоид и го зголемуваше резултатот за финална победа од 1-6.

Алкалоид: Стефан Димовски 24’
Рамстор: Ибрахим Бекир 32’ Михрем Мемед 22’ 32’ Арјан Цами 39’ Азрет Абаз 17’ Ведат Арслан 36’

Во дербито на колото Матрикс го соблада Макпетрол
Натпревар во исклучително висок ритам кој изобилуваше со атрактивни потези одиграа екипите на Матрикс и Макпетрол. И двете екипи се бореа за првото место во есенскиот дел од натпреварувањата. Во првото полувреме натпреварот беше на ниво на дерби натпревар кој беше со целосен акцент во играта на нападот. Екипата на Матрикс дојде прва до водство преку Даиловски во 4та минута и го отвори овој натпревар, но по само две минути екипата на Макпетрол успеа да возврати и да го израмни резултатот на 1-1. Во завршетокот на првото полувреме Матрикс преку денес расположениот Даиловски успеа да реализира за водство од 2-1 со кои се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Матрикс имаше апсолутна доминација на теренот и преку колективна игра и одлично контролиран напад од минута во минута успеваше да го зголемува водството кое на крајот од овој натпревар изнесуваше 5-1 во корист на Матрикс.

Стрелци на головите беа:
Матрикс: Никола Христовски 24’ Драган Брњарчевски 26’ Петре Даиловски 4’ 16’ 36’
Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 7’

Ова коло се истакнаа следните поедници:

– Дејан Јанковски (Еуро Табак) 7 гола
– Душан Босиљанов (Окта) 4 гола
– Мартин Тодоровски (Вип) 4 гола
– Коста Глигуровски (Сава Осигурување) 4 гола
– Бенјамин Граинца (Уника) 4 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Мартин Ливрински (Еуро Табак), Арбен Нухиу (Уника), Лоренцо Николовски (Лукоил), Стефан Насковски (Македонски Телеком), Ведат Арслан (Рамстор), Никола Велевски (Искрател Груп), Благоја Божиновски (Џонсон Мети)

Екипа на колото: Пекабеско
Тренер на колото: Саше Буцевски (Еуро Табак)
Голман на колото: Бранимир Милошевиќ (Пекабеско)