Рамстор со победа над Аџибадем Систина до Ф8

Рамстор 10-5(3-2) Аџибадем Систина

Рамстор: Фуркан Муртезан 32’ Ибрахим Бекир 17’ 26’ 40’ Михрем Мемед 36’ Ведат Арслан 8’ Енгин Мемеди 11’ 23’ 31’ 40’

Аџибадем Систина: Влатко Кузманов 40’ Далибор Дамјановиќ 8’ Игор Ѓорѓиевски 9’ 36’ Златко Бошковски 34’

Возбудлив прв дел од натпреварот помеѓу  Рамстор и Аџибадем Систина, екипата на Систина прва дојде до водство со погодокот на Дамјановиќ во 8та минута. Радоста на екипата на Систина кратко траеше, во истата минута екипата на Рамстор успеа да постигне погодок за израмнување на 1-1. По овие воведни погодоци следуваше нов погодок за екипата на Систина во 9та минута за предност од 1-2, екипата на Рамстор испорача одговор во 11та минута за повторно израмнување на 2-2, До крајот на полувремето екипата на Рамстор успеа да постигне погодок за резултат од 3-2 на полувреме. На стартот на второто полувреме екипата на Рамстор успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 4-2, а неколку минути подоцна со голот на Бекир за високи 5-2 за екипата на Рамстор.  До крајот на натпреварот екипата на Систина се обидуваше да фати презултаски приклучок но екипата на Рамстор со умешна игра од минута во минута го зголемуваше резултатот за конечна победа од 10-5.