Рамстор со фуриозно второ полувреме до победа над Лукоил

Лукоил – Рамстор (2:0) 3:5

Лукоил: Антонио Фенов 4’5’ Дејан Зиков 23’
Рамстор: Фуркан Муртезан 22’ Јахја Кадир 25’26’ Енгин Мемеди 32’38’

Екипата на Лукоил одлично го отвори натпреварот против екипата на Рамстор со двата погодока на Фенов во 4та и 5та минута.Ова рано водство за екипата на Лукоил ја примора екипата на Рамстор да се префрли на противничко поле и да врши притисок со цел да фати резултатски приклучок,но екипата на Лукоил одлично ја постави својата игра во одбраната и не дозволи изненадување па на полувреме замина со предност од 2-0.На стартот од второто полувреме екипата на Рамстор со погодокот на Муртезан успеа да ја намали негативата од полувремето.Веќе следната минута со голот на Зиков екипата на Лукоил отиде повторно на два гола позитива.Сепак екипата на Рамстор не се откажуваше лесно од овој натпревар и со мирна и умешна игра успеа да ја стопи предноста на Лукоил до 26та минута.Последните минути екипата на Рамстор ги одигра перфектно и со погодоците на Мемед во 32та и 38та успеа да дојде до победата.