Сава Осигурување со сигурна игра до победа на ЕВН

Сава Осигурување 10-3(4-1) ЕВН

Сава Осигурување: Данило Поповски 11’ Јовица Марковски 18’ 33’ Коста Глигуровски 3’ 26’ 28’ Трајче Илиевски 26’ 29’ Андреј Китановски 9’ 39’

ЕВН: Вилијам Митев 17’ Бојан Симоновски 32’ Драги Стојанов 26’

Одличен старт за екипата на Сава Осигурување во дуелот против екипата на ЕВН, уште на самиот старт поточно во 3та минута екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок за водство од 1-0. Овој рано постигнат погодок на Сава Осигурување даде дополнителен мотив, па продолжија со уште поагресивна игра што им донесе високо водство од 3-0 до 11та минута. Оваа негатива ја примора екипата на ЕВН да врши силен пристисок кон голот на Сава Осигурување како би реализирала за резултатски приклучок во ова полувреме, што им успеа во 17та минута за манмалување на водството на 3-1. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок за висока предност од 4-1 на полувремето. Во воведните минути од второто полувреме екипата на Сава Осигурување со погодоците на Глигуровски 25та – Илиевски 26та отиде на висока предност од 6-1. По оваа висока негатвиа екипата на ЕВН направи промена на тактиката внесувајќи во игра голман играч со цел да ја намали високата предност на Сава Осигурување, сепак екипата на ЕВН не успеа да најде против игра за денес расположената екипа на Сава Осигурување која го доби овој натпревар со високи 10-3