Сава Осигурување со сигурна игра до победа над Алкалоид

Сава Осигурување 8-3(2-0) Алкалоид

Сава Осигурување: Дарко Црвенковски 39’ Јовица Марковски 15’ Коста Глигуровски 25’ Трајче Илиевски 9’ 40’ Данило Апостоловски 23’ Андреј Китановски 32’ 33’
Алкалоид: Даниел Ристовски 39’ Дениз Салковиќ 35’ Кристијан Арсовски 37’

Прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Сава Осигурување и Алкалоид, на самиот старт двете екипи започнаа со целосна офанзива што резултираше со многу шанси за погодок и на двете страни. Прва во водство дојде екипата на Сава Осигурвање со голот на Илиевски во 9та минута. По ова екипата на Алкалоид започна со поагресивна игра со цел да дојде до израмнување но екипата на Сава Осигурување со одлична игра во одбраната не и остави многу простор за игра на екипата на Алкалоид, а преку еден контра напад во 15та минута успеа да го зголеми водството на 2-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Алкалоид со сите сили се обидуваше да постигне погодок како би фатила резултатски приклучок, но екипата на Сава осигурување уште во раната фаза од полувремето успеа да постигне три погодоци и да се стекне со високо водство. До крајот на натпреварот екипата на Сава Осигурување имаше целосна контрола врз играта и резултатот па го доби овој натпревар со 8-3.