Сава Осигурување ја осигура победата со Фабрика Карпош – ГИМ

Сава Осигурување 5-2(2-0) Фабрика Карпош – ГИМ

Сава Осигурување: Трајче Илиевски 22’ 35’ 40’ Андреј Китановски 13’ 15’

Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 33’ Лазе Божиновски 38’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Сава Осигурување и Фабрика Карпош – ГИМ, двете екипи во овој натпревар влегоа со доза на претпазливост  и внимаваа повеќе на својата одбрана отколку на противничкиот гол. Како одминуваше времето екипата на Сава Осигурување ја превзеде иницијативата и тргна со пожестоки напади кон голот на Фабрика Карпош – ГИМ што резултираше со погодоци во 13та и 15та минута за водство од 2-0. По оваа негатива екипата на Фабрика Карпош – ГИМ се префрли на противничко поле и со сите сили се обидуваше да постигне погодок со цел да фати резултатски приклучок, но до полувремето не успеа па Сава Осигурување на паузата замина со водство со 2-0. На старотот на второто полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 3-0, оваа висока негатива не ја демотивира екипата на Фабрика Карпош –ГИМ напротив тие започнаа со уште пожестоки напади кон голот на Сава Осигурување што вроди со плод со погодок во 33та минута и намалување на водството. Но екипата на Сава Осигурување одлично ја постави својата игра во одбраната и не дозволи изненадување па на крајот го доби овој натпревар со 5-2