Уника и рамстор во егал натпревар ги поделија бодовите

Уника 6-6(4-2) Рамстор

Уника: Бенјамин Граинца 8’ 11’ 21’ Тимотеј Нешовски 33’ Кренар Сума 16’ Сашо Јакимовски 18’

Рамстор: Михрем Мемед 6’ Азрет Абаз 13’ 24’ 28’ Ведат Арслан 27’ Алтај Иметовски 30’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уника и Рамстор, прво во водство дојде екипата на Рамстор со погодокот на Мемед во 6та минута за водство од 0-1. Следуваше брз одговор на екипата на Уника со погодокот на Граинца во 8та минута за израмнување на 1-1, неколку минути подоцна со вториот погодок и за водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Уника имаше повеќе од играта па замина со заслужена предност од 4-2. На стартот од второто полувреме екипата на Уника успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 5-2, на овој рано постигнат погодок одговори екипата на Рамстор во 24та минута за резултат од 5-3. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор успеа да ја стопи предноста и во последните минути од натпреварот се влезе во “егал“. На крајот од натпреварот екипите ги поделија бодовите при разултат од 6-6.