Уника со цврста одбрана и Нухиу во нападот до победа над Окта

Окта 4-9(2-6) Уника

Окта: Живко Котевски 24′ Александар Јовчевски 2′ 39′ Виктор Ристовски 13′
Уника: Арбен Нухиу 7′ 8′ 25′ Шабан Чупи 11′ 13′ Банјамин Граинца 35′ 38′ Даниел Стојковски 1′ Васко Колаков 19′

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Окта и Уника, екипата на Уника одлично го отвори овој натпревар со погодок во првата минута со што најави ефикасно полувреме. Екипата на Окта веќе во следната минута успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот. Екипата на Уника денес го имаше во своите редови расположениот Нухиу кој со одличната игра и двата постигнати погодоци во првото полувреме успеа да ја направи разликата, па екипата на Уника на полувреме замина со висока предност од 2-6. Во второто полувреме екипата на Окта со чести ротации на играчите, внесувајќи во игра голман играч се обидуваше да ја намали предноста и резултатски да се врати во игра, но екипата на Уника одлично ја постави својата игра во одбраната и не и дозволи на екипата на Окта да стори нешто повеќе па на крајот го славеше во овој натпревар со 4-9.