ЈСП со колективна игра до победа над ЕЛЕМ

ЈСП 6-2(3-0) ЕЛЕМ

ЈСП: Дејан Блажевски 7’ Томи Петковски 33’ Сашо Георгиевски 5’ 35’ Марјан Србиновски 10’ Љупчо Павловиќ 21’

ЕЛЕМ: Артан Тика 34’ 38’

Одлично прво полувреме на екипата на ЈСП во дуелот со ЕЛЕМ, уште на самиот старт екипата на ЈСП наметна жестоко темпо на игра што резултираше со погодоци во 5та и 7та минута за комотно водство од 2-0. По ова екипата на ЕЛЕМ започна со поагресивна игра, вршејќи силен притисок кон голот на ЈСП со цел да дојде до израмнување, но екипата на ЈСП со одлична игра во одбраната не и остави простор за игра на екипата на ЕЛЕМ па до полувремето успеа да го зголеми водството на 3-0. На стартот на второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со одличната игра и веднаш го зголеми водството на 4-0, ова ја примора екипата на ЕЛЕМ да фрли се на една карта нападот. Ваквата игра на ЕЛЕМ ја остави ранлива во одбраната што ЈСП вешто го искористи за победа во овој дуел со резултат од 6-2