Ангеловски со хет-трик ги водеше А1 до победа над Пивара Скопје

A1 5-1(3-1) Пивара Скопје

А1: Мартин Ангеловски 2’ 17’ 32’ Иле Никодиновски 37’ Бојан Волчевски 6’
Пивара Скопје: Боби Ристов 7’

Одличен старт за екипата на А1 во дуелот со Пивара Скопје, тие уште на самиот старт од натпреварот наметнаа високо темпо на игра и со брзи акции успеаа да дојдат до рано водство од 2-0 со погодоците на Ангеловски и Волчевски. По оваа водство екипата на Пивара Скопје беше приморана да игра поофанзивно што донесе резултат со одличниот погодок на голманот Ристов во 7та минута. Ваквата офанзивна игра на Пивара остави празнини во нивната одбрана што А1 ги искористи за зголемување на водството и предност од 3-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на А1 продолжи со одлична игра, тие го затворија пристапот кон нивниот гол и со брзи контра напади се закануваа кон протиничкиот гол. Ваквата игра им донесе и зголемување на предноста со погодоците на Ангеловски и Никодиновски во второто полувреме. Екипата на Пивара Скопје не можеше да најде против игра за денес расположените А1 па го загуби овој натпревар со 5-1.