Атлантик Груп во отворен фудбал до победа над Гранит

Атлантик Груп 6-4(5-2) Гранит

Атлантик Груп: Кристијан Тодоровски 3’, Далибор Тасевски 4’ 10’, Благојче Јофчевски 10’, Бојан Петковски 20’ 39’
Гранит: Мартин Фотевски 1’ 32’, Ненад Антовски 17’, Мартин Ристовски 26’

Дуелот помеѓу Атлантик Груп и Гранит го отвори екипата на Гранит буквално во првата минута на самиот почеток на овој натпревар преку Фотевски и дојде до водство од 0-1. Атлантик Груп со колективна игра во која дуото Тодоровски –Тасевски 3’-4’ со одлична реализација успеа да направи резултатски пресврт за водство од 2-1. Се до средината на првото полувре се играше цврста одбрана и на двете страни успешно се затвараа приодите кон противничкиот гол, но Атлантик Груп преку контра напади успеа да дојде до отворени шанси за гол кои ги реализираше па на полувремето замина со водство од 5-2.
Во второто полувреме екипата на Гранит со голман играч се обиде резултатски да се врати во натпреварот и со оваа тактичка замисла да го изненади Атлантик Груп. Ваквата игра им донесе резултат и успеаа да ја стигнат негативата стекната во првото полувреме, но екипата на Атлантик Груп во самиот финиш ги консоилидира својте редови и успеа да дојде до победа во овој натпревар од 6-4.