Аџибадем Систина со борбена игра стигна до реми во дуелот со Фабрика Карпош – ГИМ

Аџибадем Систина 6-6(2-3) Фабрика Карпош – ГИМ

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 15’ 38’ Далибор Дамјановиќ 35’ Игор Ѓеорѓиевски 9’ 32’ Влатко Кузмановски 39’
Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 6’ 12’ Кристијан Панев 18’ Филип Илиевски 8’ 22’ 28’

Интересно прво полувреме исполнето со одлични акции атрактивни потези и одлични голови. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ со голот на Божиков во 6та минута го отвори резултатот, а неколку минути подоцна и да го зголеми водството на 2-0. Екипата на Аџибадем Систина со голот на Ѓоргиевски успеа да го намали резултатот на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ имаше повеќе од играта па на полувреме замина со предност од 2-4. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок во што и успеа со сигурна игра од минута во минута ја топеше предноста на Фабрика Карпош – ГИМ за во 38та минута да дојде на само гол негатива и да ја направи завршницата неизвесна. Во ваквата неизвесна завршница екипата на Аџибадем Систина успеа да го израмни резултатот но не и да направи целосен пресврт па екипите ги поделија бодовите со 6-6.