Аџибадем Систина со пресврт во второто полувреме до победа над Џонсон Мети

Џонсон Мети 2-4(2-0) Аџибадем Систина

Џонсон Мети: Роберт Бојаџиев 16’ Дарко Ѓурчиновски 15’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 32’ Диме Стевковски 37’ 39’ Мирослав Неделковски 23’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Аџибадем Систина. Двеет екипи во овој натпревар влегоа мотивирани со желба за победа, па од тука и цврстата игра на теренот. Двете екипи имаа ставено фокус на играта во одбраната а својата шанса за гол ја бараа преку грешки на противничката одбрана или шутеви од далечина. Двата голмани во ова полувреме беа на нивото на задачата па мрежите мируваа се до 15та минута од полувремето кога Ѓурчиновски успеа да реализира и на Џонсон Мети да им донесе предност од 1-0. Веќе во следниот напад му се придружи и Бојаџиев за зголемување на водството на 2-0. До крајот на полувремето екипата на Аџибадем Систина се обидуваше да најде решение за играта на противникот но до паузата не успеа во тоа па Џонсон Мети на паузата замина со предност од 2-0. Во второто полувреме кај екипата на Џонсон Мети се поочигледна сануваше кратката клупа и намеањето играч плус во ротација, екипата на Аџибадем Систина го искористи ова и до средината на второто полувреме дојде до израмнување на 2-2 што го направи финишот на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Аџибадем Систина го подигна темпото на игра и успеа да дојде до преност од 2-4 предност која ослабениот Џонсон Мети не можеше да ја стигне па го загуби овој натпревар.