Аџибадем Систина со тимска игра до победа над Окта

Окта 3-6(2-2) Аџибадем Систина

Окта: Иван Димитриевски 10’ 10’ Горан Бојковски 38’
Аџибадем Систина: Никола Трајковски 1’ 32’ Игор Георгиевски 3’ Кристијан Димковски 35’ Даниел Боневски 37’ Мартин Ѓоргиоски 40’

Натпреварот помеѓу екипите на Окта и Аџибадем Систина започна со едноминутен молк во чест на Драганче Стојановски кој беше капитен на екипата на Окта. Екипата на Аџибадем Систина одлично го отвори овој натпревар и по само три минути игра поведе со 2-0 преку Трајковски и Георгиевски, но екипата на Окта во своите редови го имаше Иван Димовски кој иако беше на голот успеа во 10та минута со два гола да ја врати Окта во игра и воедно го израмни резултатот. Со ваквиот резултат од 2-2 се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина со чести измени успеа да наметне висок ритам на игра и од минута во минута успеваше да го зголемува водството. Окта немаше решение заваквата игра на Систина па не можеше да фати резултатски приклучок. Систина во текот на целото второ полувреме ја красеше тимската игра, секој член од тимот даде 100% за на крајот да издвојуваат победа од 3-6.