Аџибадем Систина ја искористи кратката клупа на Интертек

Аџибадем Систина 12-5(4-2) Интертек

Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 13’ Никола Трајковски 28’ Кристијан Димковски 19’ 35’ 40’ Ивица Петровски 38’ Диме Стевковски 10’ 26’32’ Дамјан Јовчевски 8’ Даниел Богдановиќ 21’ 32’
Интертек: Мартин Лазаревски 3’ 3’ 29’ 38’ Дарко Костадинов 24’

Екипата на Интертек во натпреварот со Аџибадем Систина иако настапи со ослабен состав одлично го започна овој натпревар. Играта која ја прикажа на самиот почеток беше одлично поставена и пред се тимска. Со ваквата игра екипата на Интертек успеа да постигне два погодоци во самиот почеток од полувремето, но набрзо после тоа екипата на Аџбадем Систина ги консолидира своите редови и успеа да го израмни резултатот, по што следуваше офанзивна игра и целосен пресврт кај екипата на Систина кој резултираше со водство од 4-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина под водството на тренерот Аламоревиќ со чести измени наметна висок ритам кој Интеретек не можеше физички да го испрати во ваков скратен состав. Од минута во минута водството на Систина растеше за да на крајот изнесува максимални 12-5.