Бадаловски со погодок во последната минута им донесе победа на ЕВН над ТЕМАТО

ТЕМАТО 4-5(3-2) ЕВН

ТЕМАТО: Мерис Халитовиќ 4’ 7’ Ибрахим Мемети 2’ 35’
ЕВН: Дарко Стоилевски 18’ Ајет Новобрдалија 12’ Наум Бадаловски 40’ Виктор Валканчев 27’ 30’

Четиринаесетото коло од Бинис Лигата на Македонија го отворија екипите на ТЕМАТО и ЕВН.
Екипата на ТЕМАТО имаше одличен старт во дуелот со ЕВН и од самиот старт на овој натпревар настапи со офанзивна и брза игра што им донесе предност уште во 2та минута, а до 7та минута веќе имаа предност од 0-3. Екипата на ЕВН по оваа рана негатива ја зацврсти одбраната и преку контра напади се закануваше кон противничкиот гол што им донесе погодок во 12та минута и намалување на 3-1. До крајот на полувремето екипата на ЕВН успеа да дојде до само гол негатива и на полувремето се замина со резултат од 3-2. Во второто полувреме екипата на ЕВН продолжи со одличен ритам на игра па во 27та минута успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 3-3. Во понатамошниот дел од натпреварот екипата на ЕВН преку Валканчев успеа да поведе со 3-4 и да направи целосен резултатски пресврт но не за долго ТЕМАТО во својот состав го имаа расположениот Мемети кој со погодок во 35та минута донесе повторно израмнување на 4-4. Во ваквата драматична завршница екипата на ЕВН успеа со погодок на Бадаловски во последната минута да дојде до водство од 4-5 резултат со кој заврши овој натпревар.