Божиновски со хет-трик ја водеше Фабрика Карпош-ГИМ до победа над Bestway Solutions

Bestway Solutions 3-4(0-1) Фабрика Карпош-ГИМ

Bestway Solutions: Петар Стефановски 23” 24” 26”
Фабрика Карпош-ГИМ: Кире Крстевски 5”, Лазар Божиновски 25” 26” 38”

Со цврста одбрана започна дуелот помеѓу Bestway Solutions и Фабрика Карпош-ГИМ. Уште на самиот старт и двете екипи имаа максимално сериозен пристап. На двете страни одбраната беше на многу високо ниво, се играше доста цврсто на ивица на фаул. Во ваквата поставеност тешко се доаѓаше до отворна шанса за гол. Екипата на Фабрика Карпош-ГИМ преку Крстевски во 5” поведе со 1-0. Со оваа минимална предност Фабрика Карпош-ГИМ замина на полувремето.

Во второто полувреме кај Bestway Solutions Стефановски успеа да ја превземе одговорноста и со одлична реализација во три минути да постигне 3 гола. Кај Фабрика Карпош-ГИМ Божиновски ја превзеде истата улога, исто со хет-трик, не дозволи Bestway Solutions резултатски да се одлепи. Фабрика Карпош-ГИМ во ваквата поставеност успеа да ја задржи предноста од првото полувреме и да слави над Bestway Solutions со минимална предност од 3-4.