Џојсон Сејфти Системс 2-8(1-6) Ван Хоол
Џојсон Сејфти Системс: Марко ДИмовски 1’ Борче Аргиловски 27’
Ван Хоол: Антонио Петровски 4’ Даниел Стаменковски 19’ 32’ Ненад Саздовски 39’ Филип Белчовски 1’ 9’ 14’ Христијан Павловски 12’
Деветото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Џојсон Сејфти Системс и Ван Хоол, Џојсон Сејти Системс го постигна најбрзиот погодок во оваа сезона и за само 16 секунди дојде до предност од 1-0. Ван Хоол имаше брз одговор и уште во истата минута дојде до израмнување од 1-1. Израмнувачкиот гол на екипата на Ван Хоол им даде ветер во грб па продолжи со агресивна игра и силен притисок кон голот на Џојсон Сејфти Системс па во 14та минута веќе имаше високо водство од 1-5. До крајот на полувремето Екипата на Џојсон Сејфти Системс се обидуваше да фати резултатски приклучок но не успеа во тоа па на паузата се замина со резултат од 1-6 во корист на Ван Хоол. Во второто полувреме екипата на Џојсон Сејфти Системс со сите сили се обидуваше да ја намали високата предност на Ван Хоол од полувремето, направи промена во тактиката внесувајќи во игра голман играч но екипата на Ван Хоол одлично ја постваи својата одбрана и ги затвори сите приоди кон својот гол. До крајот на натпреварот екипата на Ван Хоол успеа да го зголемат водството и да го добијат овој натпревар со 2-8.