Ван Хоол преку контра напади дојде до победа над ТАВ

ТАВ 0-7(0-2) Ван Хоол

Ван Хоол: Пеце Даиловски 4’ 30’ Даниел Стаменковски 16’ Валентино Трајковски 26’ 29’ Филип Никодиновски 40’ Стефан Станојковиќ

Интересно и цврсто прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Ван Хоол, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани да атакуваат на 3те поени. На самиот старт на полувремето двете екипи силно притискаа кон голот на противникот, но со цврста одбрана успеваа да ги одбијат нападите. Екипата на Ван Хоол прва го отвори резултатот со погодокот на Даилоски, по оваа негатива екипата на ТАВ се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот започна со нешто поотворена игра што Ван Хоол го искористи за со брз контра напад и со погодок Стаменковски го зголеми водството на 0-2. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол заигра со нешто повисоко темпо и ја имаше контролата врз играта па од минута во минута успеваа да ја зголемуваат својата предност. Екипата на ТАВ немаше решение за денес расположените Ван Хоол кои на крајот славе со убедливи 0-7.