Ван Хоол со одлична реализација во дуелот со Уника

Ван Хоол 12-2(4-0) УНИКА

Ван Хоол: Стефан Станојковиќ 4”, Пеце Даилоски 7” 11” 24” 35”, Валентино Трајковски 6” 32”, Ненад Саздовски 27” 32”, Андреј Наумовски 25”, Филип Никодиновски 33” 39”
УНИКА: Љуљзим Каштањева 37”, Арбен Хухиу 36”

Дуелот помечу тимовите на Ван Хоол и Уника го отвори екипата на Ванхол во 4” преку Станојковиќ. Екипата на Уника во овој натпревар влезе со голман играч како би можела да стекне предност во делот на нападот, но екипата на Ван Хоол беше тактичко-технички подготвена и не дозволи изненадување, па продолжи со своите замисли пред се во делот на нападот каде што прикажа одлична реализација. Со ваквата игра Ванхол замина на полувремето со резултатска предност од 4-0. Во второто полувреме екипатана Уника се обиде со офанзивна игра да го врати натпреварот во резултатска неизвесност, но екипата на Ван Холл преку брзи контра напади и одлична реализација од минута во минута успеваше да го зголеми водството кое резултираше со победа на овој натпревар од 12 спрема 2.