Ван Хоол со одлично второ полувреме дојде до сигурна победа над ЕВН

Ван Хоол 8-3(2-1) ЕВН

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 24’ Ненад Саздовски 31’ Стефан Станојковиќ 7’ 28’ 30’ 34’ Филип Никодиновски 36’ Петре Даиловски 9’
ЕВН: Ајет Новобрдалија 15’ Хамза Јашари 38’ 40’

Седмото коло од Бизнис Лигата го отворија екипите на Ван Хоол и ЕВН, двете екипи во овој натпревар влегоа со сериозен пристап и акцент ставен на играта во нападот. Екипата на Ван Хоол прва го отвори резултатот во 7та минута со погодокот на Станојковиќ, а потоа успеа и да го зголеми водството на 0-2 во 9та минута со погодокот на Даиловски. Во втората половина од полувремето тренарот на екипата на ЕВН Драги Стојанов направи тактичка измена во редовите на својот тим и во игра внесе голман играч. Ваквата поставеност на ЕВН им дозволи да вршат константен притисок кон голот на противникот што им донесе погодок во 15та минута и намалување на разликата на 1-2. До крајот на полувремето екипата на ЕВН се обидуваше да дојде до израмнување но Ван Хоол одлично го затвори пристапот до својот гол па на паузата се замина со резултат од 1-2. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол прикажа одлична игра и од самиот почеток на второто полувреме почна резултатски да се одлепува од противникоти до финишот од натпреварот да дојде до солидна предност од 8-1. Во финишот од натпреварот екипата на ЕВН успеа да ја намали разликата но немаше сили за нешто повеќе па го загуби овој натпревар со 8-3.