Ван Хоол со перфектна реализација до победа над Гранит

Гранит 1-11(1-3) Ван Хоол

Гранит: Ѓоке Грурушковски 17’
Ван Хоол: Дарко Ангеловски 24’ Ненад Саздовски 14’ 40’ Стефан Станојковиќ 3’ Филип Никодиновски 40’ Петре Даиловски 21’ 26’ 32’ Марко Николовски 18’ Иван Стојановски 18’ Андреј Богдановиќ 34’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Ван Хоол, двете екипи во овој натпревар влегоа со офанзивен и отворен фудбал. Екипата на Ван Хоол во 3та минута од полувремето го отвори резултатот преку погодокот на Станојковиќ. По ова водство на Ван Хоол екипата на Гранит се обидуваше со брзи контра напади се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но отворената игра ја искористи Ван Хоол за зголемување на водството на 0-2. Во продолжението на натпреварот екипата на Гранит успеа да ја намали разликата на 1-2, но до паузата Ван Хоол повторно го зголеми водството на 1-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол продолжи со одлична игра и со погодок на Даиловски и Ангеловски до 25та минута стекна солидна предност од 1-5. До крајот на натпреварот екипата на Ван Хоол ја превзема контролата врз натпреварот и од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Гранит не можеше да најде против игра за денес расположениот Ван Хоол кој го доби овој натпревар со 1-11.