Ван Хоол со сигурна игра до победа над Атлантик Груп

Атлантик Груп 2-6(1-2) Ван Хоол

Атлантик Груп: Далибор асевски 35’ Бојан Петковски 10’
Ван Хоол: Антонио Петровски 9’ Даниел Стаменковски 24’ Ненад Саздовски 36’ Пеце Даиловски 8’ Валентино Трајковски 28’ 39’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Атлантик Груп и Ван Хоол. Екипата на Ван Хоол прва успеа да го отвори резултатот со погодокот на Даиловски во 8та минута а веќе во следниот напад му се приклучи и Петровски за водство од 0-2. По ова водство на Ван Хоол екипата на Атлантик Груп ги консолидира своите редови и со погодок на Петковски во 10та минута успеа да намали на 1-2. До крајот на полувремето иако двете екипи имаа одлични шанси никој не успеа да реализира па на паузата се замина со 1-2 резултат од 10та минута. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол продолжи со одлична игра и со погодоците на Стаменковски и Трајковски успеа да ја зголеми предноста на 1-4. Атлантик Груп со погодокот на Тасевски успеа да намали на 2-4, но Ван Хоол ја имаше контролата во оваа завршна фаза од натпреварот па на крајот славеше со убедливи 2-6.