Во дербито на колото Лукоил го совлада Матрикс и го зацврсти првото место на табелата

Лукоил 4-2(3-1) Матрикс

Лукоил: Марјан Цветковски 2’ 11’ Горан Стојанов 10’ 25’
Матрикс: Петре Даиловски 19’ 33’

Во дербито на колото силите ги одмерија екипите на Лукоил и Матрикс, двете екипи максимално мотивирано со сериозен пристап го започнаа овој натпревар. Во раната фаза од натпреварот екипата на Лукоил преку голманот Цветковски успеа да обезбеди водство од 1-0, по овој гол екипата на Лукоил играше контролиран напад по што екипата на Матрикс мораше да биде агресивна и да игра одбрана по целиот терен. Во ваквата игра Лукоил успеа да искористи неколку грешки во додавање и да го зголеми водството на 3-0. Матрикс успеа да постигне погодок за намалување на водството на 3-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Матрикс започна со пресинг игра по целиот терен игра со која се обидуваше да ја анулира предноста на Лукоил стекната во првото полувреме, но искусниот Лукоил не дозволуваше Матрикс да ја наметне својата препознатлива игра. Лукоил успеа да ја сочува предноста од првото полувреме и го доби овој натпревар со 4-2.