Во дерби натпревар ЕВН го совлада Макпетрол

ЕВН 4-3(1-2) Макпетрол

ЕВН: Ајет Новобрдалија 4”, Бојан Тодоровски 39”, Дарко Стоилевски 30”, Вилијам Митев 39”.
Макпетрол: Горан Новаковски 5” 11”, Никола Секулоски 21”

Во духот на вистински дерби натпревар запошна дуелот помеѓу екипите на ЕВН и Макпетрол. Уште на самиот старт двете екипи влегоа мошне мотивирано ирајќи отворен фудбал и на двете страни. Во ваквата игра прва до водство дојде екипата на ЕВН преку Новобрдалија во 4” но по неполна минута екипата на Макпетрол возврати преку Новаковски израмнувјќи го резултатот на 1-1. По двата последувателни гола на двете страни, и двете екипи заиграа значително по цврста одбрана затварајќи ги приодите кон противничкиот гол. Со ваквата игра тешко се доаѓаше до отворена шанса за гол се до 15” кога но Новаковски повторно даде гол за екипата на Макпетрол за водство од 1-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат израмнет натрпевар. На самиот старт од полувремето Секулоски и донесе предност на екипата на Макпетрол од 1-3, но екипата на ЕВН беше настојчива и успеа да ги консолидира својте редови, и преку Тодоровски и Стоилевски го израмни резултатот на 3-3. Вака се играше се до самиот финиш од натпреварот, кога буквално во последната минута Митев преку контра напад успеа да постигне гол за победа на екипата на ЕВН на од 4-3