Во дерби натпревар Лукоил и УНИКА ги поделија бодовите

Лукоил 3-3(2-2) УНИКА

Лукоил: Горан Стојанов 30’ Иван Стојчев 1’ Петар Лефков17’
УНИКА: Донард Бајрами 23’ Шабан Чупи 14’ Етник Саити 18’

Одличен почеток на екипата на Лукоил во дуелот со УНИКА, тие уште на самиот старт на полувремето во 7та секунда со удар од далечина Стојчев го изненади противничкиот голман и на Лукоил им донесе предност од 1-0. По ова рано водство на Лукоил екипата на УНИКА притисна кон противничкиот гол и успеа да го израмни резултатот со погодокот на Чупи во 14та минута од полувремето. Двете екипи игра рамо да рамо на високо ниво и константно се закануваа кон протинивчкиот гол, екипата на Лукоил успеа повторно да дојде до водство од 2-1 во 17та минута со погодок на Лефков. Но не успеа да ја сочува предноста па УНИКА преку Саити повторно израмни за 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со пеколно темпо на игра, екипата на УНИКА со одличен погодок на Бајрами успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и прво водство од 2-3. Екипата на Лукоил целосно се префрли на противничка половина и со константен притисок и погодок на Стојанов успеа да дојде до израмнување на 3-3 во 30та минута од натпреварот. До крајот на натпреварот двете екипи имаа по неколку одлични шанси но не успеаа да реализираат па овој натпревар заврши реми со резултат од 3-3.