Во дерби натпревар Лукоил и Фабрика Карпош – ГИМ ги поделија бодовите

Лукоил 5-5(4-0) Фабрика Карпош – ГИМ

Лукоил:Петар Лефков 3’ 12” Иван Стојчев 11’ 17’ Горан Стојанов 39’
Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 23’ 23’ 29’ Игор Николовски 22’ 23’

Вториот натпревар го одиграа екипите на Лукоил и Фабрика Карпош –ГИМ. Екипата на Лукоил на стартот влезе мошне мотивирано со сериозен пристап и по неполни 3 минути успеа да дојде до водство од 1-0 преку Левков. Фабрика Карпош – ГИМ не беше на ниво на задачата пред се во делот на одбраната каде што немаше решение за двоецот Левков – Стојчев кои постингаа дури 4 гола за резултат од 4-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – Гим целосно успеа да ги консолидира своите редови играа доста офанзивно и во вистински ритам. Ваквата колективна игра вроди со плод и за само 10 минути игра не само што успеаа да го израмнат резултатот туку и да дојдат до водство од 4-5. Во самиот финиш на натпреварот екипата на Лукоил успеа да дојде до израмнување и екипите да ги поделат бодовите при резултат од 5-5.