Во дерби натпревар Лукоил подобри од Матрикс

Матрикс 2-5(2-3) Лукоил

Матрикс: Тони Брњарчевски 11’ 19’
Лукоил: Александар Георгиевски 1’ 6’ Горан Стојанов 31’ Иван Стојчев 16’ Петар Лефков 36’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Лукоил, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста игра и акцент ставен на одбраната. Екипата на Лукоил одличен старт во ова полувреме кога голманот на Лукоил од својата половина го изненади противничкиот голман за брзо водство од 0-1. По ова рано водство на Лукоил екипата на Матрикс притисна во предно поле со цел да дојде до израмнување но заборави на одбраната што Лукоил го искористи за зголемување на предноста на 0-2. Екипата на Матрикс имаше одлична реализација и намали на само гол негатива 1-2. До крајот на полувремето двете екипи успеаа да постигнат по еден гол па на паузата се замина со резултат од 2-3. Во второто полувреме екипата на Лукоил направи притисок во предно поле подигајќи го нивото на одбраната. Ваквата цврста игра во одбраната им овозможи грешките во додавањата на Матрикс да ги претвори во контра напади, со вакви брзи контра напади и прецизни удари кон голот успеаваа од минута во минута да го зголемуваат водството. Екипата на Матрикс се обиде со голман играч да се врати во натпреварот но екипата на Лукоил не дозволи изненадување ја контролираше играта се до самиот финиш кога успеа да слави со 2-5.