Во дерби натпревар ТАВ до победа над Атлантик Груп

ТАВ 4-2(3-0) Атлантик Груп

ТАВ: Петар Мартиновски 10’ Алексо Новевски 3’ Еркан Шабани 10’ Дарио Десниќ 34’
Атлантик Груп: Мирослав Тодоровски 28’ Благојче Стојановски 30’

Одличен почеток за екипата на ТАВ во дуелот со Аталантик Груп, тие уште на самиот старт наметнаа пеколно темпо на игра што им донесе погодок во раната фаза, Новевски успеа во 3та минута од полувремето да погоди и на ТАВ да им донесе предност од 1-0. Ова рано водство на екипата на ТАВ им беше ветер во грб за да продолжат со брза и цврста игра тие во 10та минута од полувремето со погодок на Мартиновски и Шабани успеаа да ја зголемат разликата и да дојдат до солидна предност од 3-0. Екипата на Атлантик Груп ја смири топката на теренот и со притисок кон голот на ТАВ се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот, но во процесот направи грешка по која остана со играч помалце. Екипата на ТАВ не успеа да го искористи играчот повеќе па на полувремето се замина со 3-0 резултат од 10та минута. Во второто полувреме екипата на Атлантик Груп ги консолидира своите редови притисна во предно поле и почесто се закануваше кон голот на ТАВ. Ова им донесе резултат во 28та минута од полувремето кога преку Тодоровски намалија на 3-1 а веќе во следниот напад преку Стојановски успеа да дојдат до само еден гол негатива. Ова го направи крајот на овој натпревар вистинска драма во ваквата драматична завршница се играше цврсто на раб на фаул. Екипата на ТАВ успеа да ја сочува и да ја зголеми предноста на 4-2 резултат со кој победија на овој натпревар.