Во дерби натпревар Фабрика Карпош и Аптив ги поделија бодовите

Фабрика Карпош – ГИМ 5-5(1-1) Аптив

Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 16’ 31’ 38’ Кристијан панев 36’ 40’
Аптив: Никола Ќамилов 24’ Кире Стаматовски 9’ 25’ 32’ 39’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош и Аптив, уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра и почнаа да се редат шанси на двете страни. Екипата на Аптив успеа да искористи еден кикс на одбраната на Фабрика Карпош и со погодокот на Стаматовски во 9та минута и донесе водство на својата екипа од 0-1. По ова екипата на Фабрика Карпош започна агресивна игра во фаза на напад што и донесе израмнување во 16та минута со ефектниот погодок на Божиков. До крајот на полувремето и двете екипи имаа изгледни прилики за погодок но не успеаа да реализираат па на полувремето се замина со 1-1. Во второто полувреме екипата на Аптив успеа да постигне два погодоци и да дојде до предност од 1-3. Екипата на Фабрика Карпош со пожртвувана игра успеа да стигне до израмнување за последните минути од натпреварот да бидат вистинска драма во која екипата на Аптив со четвртиот погодок на Стаматовски дојде до водство од 4-5, а буквално во последните секунди од натпреварот Божиков стрелаше за 5-5 и поделба на бодовите.