ЈП Водовод 4-4(1-3) Џонсон Мети
ЈП Водовод: Горан Христовски 6’ Стојанче Ивановски 23’ 28’ 38’
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 2’ Никола Николовски 8’ Стефан Јовановски 19’ Христијан Стојановски 23’
Исклучително офанзивно расположени уште на самиот старт беа екипите на Џонсон Мети и ЈП Водовод. И двете екипи натпреварот го почнаа со отворен фудбал целосно фокусирани во делот на нападот. Прва до водство дојде екипата на Џонсон Мети по што следеше израмнување од страна на Водовд. Џонсон Мети преку одлично изработена акција успеа да дојде до повторно водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на ЈП Водовод се обидуваше да го намали водството, но отворената играна ЈП Водовод ја искористи Џонсон Мети за зголемување на водството и резултат од 1-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЈП Водовод го подигна темпото на игра и од минута во минута ја топеше предноста на Џонсон Мети од полувремето. Џонсон Мети успеа да реализира за уште еден погодок но расположениот Ивановски кај Водовод во последните минути од натпреварот реализираше за реми со резултат од 4-4