Во драматичен финиш Ван Хоол и Макпетрол ги поделија бодовите

Ван Хоол 3-3(1-1) Макпетрол

Ван Хоол: Петре Даиловски 11’ 35’ 40’
Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 13’ 22’ Владимир Мурџоски 33’

Динамично и неизвесно прво полувреме ни прикажаа Ван Хоол и Макпетрол, екипите во овој натпревар влегоа со цврста и отворена игра. Од самиот почеток на полувремето се наметна високо темпо на игра со одлични шанси на двете страни. Екипата на Ван Хоол го отври резултатот со погодок од пенал по недозволена игра со рака на екипата на Макпетрол, но радоста не траеше долго Макпетрол за само две минути успеа да ја врати резултатската неизвесност и да изедначи на 1-1. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични шанси но голманите беа на ниво на задачата па на паузата се замина со изедначен резултат. Во второто полувреме се продолжи со цврста игра екипата на Макпетрол во раната фаза од полувремето успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и да поведе со 1-2. Екипата на Ван Хоол го подигна темпото на игра и се префрли на противничката половина, но тоа го искористи Макпетрол за зголемување на предноста на 1-3. Екипата на Ван Хоол ги консолидира своите редови и во втората половина на второто полувреме успеа да дојде до само гол негатива на 2-3, што го направи финишот од натпреварот вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Ван Хоол успеа да дојде до израмнување со третиот погодок на Даиловски на само 10 секунди до крајот на натпреварот кој заврши со резултат од 3-3.