Во драматична завршница Аџибадем Систина и Аптив ги поделија бодовите

Аџибадем Систина 4-4(2-0) Аптив

Аџибадем Систина: Игор Ѓоргиевски 40’ Дамјан Јовчевски 15’ 18’ 21’
Аптив: Александар Марковски 28’ Никола Ќамилов 34’ Марјан Тодоровски 29’ Владимир Јовановски 22’

Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на Аџибадем Систина и Аптив, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста и офанзивна игра. Девете екипи својата шанса за гол ја бараа на грешка на противникот, екипата на Аџибадем Систина успеа да реализира за 1-0 во 15та минута преку Јовчевски и да го отвори резултатот. По ова водство на Аџибадем Систина екипата на Аптив се префрли на противничката половина со цел да дојде до израмнување но вакавата отворена игра ја искористи Аџибадем Систина за зголемување на водството на 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина успеа да го зголеми водството и да дојде до предност од 3-0, по ова водство на Систина екипата на Аптив ги консолидира своите редови и почна да да ја топи резултатската разликата. Во 29та минута од натпреварот екипата на Апитв преку Тодоровски дојде до израмнување на резултатот на 3-3 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Екипата на Аптив успеа во 34та минута да дојде до целосен резултатски пресврт и преност од 3-4, но екипата на Аџибадем Систина во последната минута од натпреварот постигна гол реми и поделба на бодовите.