Во драматична завршница Гранит и ЈСП ги поделија бодовите

Гранит 2-2(1-2) ЈСП

Гранит: Мартин Ристовски 2’ 31’
ЈСП: Тихо Фидановски 1’ Сабит Хусеини 10’

Натпреварот помеѓу екипите на Гранит и ЈСП започна со високо темпо на игра, двете екипи прикажаа офанзивна игра што донесе погодоци во раната фаза од полувремето на двете страни. Прва реализираше екипата на ЈСП преку Фидановски уште во првата минута а брзо следуваше одговор на Гранит преку Ристовски во 2та. Натпреварот продолжи со високо темпо на игра но до крајот на полувремето екипата на ЈСП имаше повеќе од играта па на паузата замина со предност од 1-2. Во второто полувреме екипата на Гранит успеа да дојде до израмнување во 31та минута преку погодокот на Ристовски и го направи финишот на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница ниту една од екипите не успеа да реализира па во резултат од 2-2 ги поделија бодовите.