Шпаркасе Банка 4-4(2-2) ЈП Водовод
Шпаркасе Банка: Спасе Спасовски 16’ Филип Чижбановски 25’ 34’ Димитар Робевски 13’
ЈП Водовод: Јакуп Зекири 38’ Стојанче Ивановски 19’ 20’ 35’
Цврст почеток на мечот помеѓу Шпаркасе Банка и ЈП Водовод двете екипи во ова полувреме влегоа мотивирани за победа и со офанзивна игра. Кај двете екипи голема улога во организација на играта имаа голманите кој додаваа прецизни топки на играчите истурени во нападот. Екипата на Шпаркасе Банка во 12та минута дојдоа до предност од 1-0 преку погодокот на Робевски, по ова водство екипата на ЈП Водовод притисна кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување. Екипата на Шпаркасе Банка го зголеми водството на 2-0 што ја мотивираше екипата на ЈП Водовод која во финишот од полувремето успеа да дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Шпаркасе Банка со удар од далечина ја искористи празнината во одбраната на ЈП Водовод и успеа да дојде до повторно водство од 3-2. До крајот на натпреварот се играше гол за гол се до самиот финиш каде на 4-4 настапи вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Шпаркасе Банка успеа да се одбрани од притисокот на ЈП Водовод и да ги поделат бодовите.