Во драматична завршница Џонсон Мети и ЕВН одиграа реми

Џонсон Мети 3-3(2-2) ЕВН

Џонсон Мети: Христијан Стојановски 7’ 38’ Љупчо Стојановски 17’
ЕВН: Ѓорѓи Поповски 2’ Бојан Симоновски 19’ 28’

Израмнето прво полувреме прикажаа екипите на Џонсон Мети и ЕВН, прва до водство дојде екипата на ЕВН со погодокот на голманот Поповски во втората минута. По ова ранот водство на ЕВН екипата на Џонсон Мети се префрли на противничка половина и притискаше кон голот на противникот се до 7та минута кога дојдоа до израмнување од 1-1 преку погодокот на Стојановски. Во продолжението на полувремето двете екипи играа израмнето и имаа по неколку одлични шанси за погодок но имаше слаба реализација се до 17та минута кога екипата на Џонсон Мети успеа да дојде до целосен пресврт од 2-1, но до крајот на полувремето екипата на ЕВН успеа да го израмни резултатот на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме двете екипи продолжија со висок ритам на игра и борба за топка на секој дел од теренот. Во 28та минута од натпреварот екипата на ЕВН успеа да дојде повторно до водство од 2-3, ова ја примора екипата на Џонсон Мети повторно да биде таа која брка резултат. Како се ближеше крајот на натпреварот се повеќе се осеќаше притисокот кон голот на ЕВН а во 38та минута голманот играч од Џонсон Мети успеа со шут од далечина да дојде до израмнување и да го направи финишот од овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипите на Џонсон Мети и ЕВН ги поделија бодовите.