Во егал натпревар Bestway Solutions славеше над Пивара Скопје

Bestway Solution 8-6(2-3) Пивара Скопје

Bestway Solution: Марко Неделковски 2” 4” 28” 31” 33” 39”, Андреј Ацевски 22” 26”
Пивара Скопје: Дејан Савески 5” Влатко Трпковски 6” 36” Ненад Вељовиќ 9” 31” 34”

На крајно израмнет и неизвесен натпревар силите ги одмерија екипите на Bestway Solutions и Пивар Скопје. Во првото полувреме натпреварот го отвори екипата на Bestway Solutions која во раната фаза поведе со 2-0. Екипата на Пивара Скопје иако со скратен ростер овој натпревар го играше со голман-играч како би можела да оствари предност во делот на нападот. Со оваа тактичко техничка замисла успеа да го изненади Bestway Solutions и да направи целосен пресврт од 3-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Bestway Solutions најде против игра за поставеноста на нападот на екипата на Пивара Скопје. Ваквата игра на Bestway Solutions и овозможи да стекне резултатска предност од 2 гола, но Пивара Скопје со притисок во предно поле се обидуваше да се врати во овој натпревар но не успеа да ја нулира предноста па Bestway Solutions славеше со 8-6.