Ван Хоол 1-1(0-0) Гранит
Ван Хоол: Даниел Стамнековски 35’
Гранит: Аце Димитровски 33’
Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Ван Хоол и Гранит, двете екипи во овој натпревар влегоа претпазливо со фокус ставен на одбраната. Екипите се обидуваа со брзи контра напади да дојдат до поволни шанси за гол но голманите беа на висина на задачата по од таму и резултатот 0-0 на полувремето. Во второто полувреме двете екипи продолжија со цврста игра, екипата на Гранит во 33та минута успеа да постигне гол со одличниот погодок на Димитровски и да поведе со 0-1. По ова водство на Гранит екипата на Ван Хоол го подигна темпото на игра и за само две минути успеа да дојде до израмнување на резултатот со погодокот на Стамнековски. Во вака израмнета завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па натпреварот заврши со резултат од 1-1.