Во инфаркт завршница Корпа ја совлада Аџибадем Систина

Аџибадем Систина 3-4(3-2) Корпа

Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 18’ Дамјан Јовчевски 11’ 13’
Корпа: Кристијан Велковски 2’ 26’ Ико Мојсовски 9’ Дончо Аргировски 40’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систиниа и Корпа, двете екипи во овој дуел влегоа силно мотивирани. Се играше прецизен фудбал со точни подавања а својата шанса екипите ја бараа преку некоја брза контра. Резултатот го отвори екипата на Корпа во втората минута од полувремето преку Велковски, а преку Мојсовски успеа да зголеми на 2-0. Ова ја примора екипата на Аџиабдем Систина да направи тактички измени и со чести ротации да ја одржува свежината во својот тим што вроди со плод па со два погодци на Јовчевски тие успеаа до 13та минута да дојдат до израмнување на резултатот на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Аџибадем Систина успеа да направи целосен резултатски пресврт и со погодокот на Ѓорѓиевски дојде до предност од 3-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина продолжи да врши притисок кон голот на Корпа но заборави на одбраната што Корпа вешто го искористи за да дојде до израмнување на 3-3 со погодокот на Велковски во 26та минута. Во остатокот од натпреварот се играше егал се до последните последната минута кога Аргировски стрелаше за водство на Корпа од 3-4, екипата на Аџибадем Систина се обидуваше да направи нешто повеќе но времето беше сојузник на Корпа која славеше во овој дуел со 3-4.