Во инфаркт завршница ЈП Водовод славеше над Рамстор

Рамстор 4-5(2-1) ЈП Водовод

Рамстор: Енгин Мемеди 2’ Азрет Абаз 19’ Авни Воша 27’ Ибрахим Бекир 26’
ЈП Водовод: Стефан Лазаревски 39’ Авни Ајвази 40’ Стојанче Ивановски 13’ 29’ 30’

Одличен старт за екипата на Рамстор во дуелот со ЈП Водовод, тие уште во 2та минута успеаа да дојдат до водство од 1-0. По ова рано водство на екипата на Рамстор екипата на ЈП Водовод со брзи контра напади се обидуваше да ја изненади одбраната на Рамстор и да дојде до израмнување. Двете екипи имаа по неколку одлични шанси, но екипата на Водовод беше таа која реализира во 13та минута преку Ивановски и успеа да дојде до израмнување од 1-1. Во финишот на првото полувреме екипата на Рамстор успеа да реализира брза контра преку Абаз и да дојде до предност од 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма, екипата на ЈП Водовод во вториот дел од второто полувреме успеа да фати резултатски пиклучок и со тоа да влезе во неизвесна завршница. За победа се играше буквално до последните секуни кога на израмнет резултат Ајвази успеа во самата завршница да даде гол за победа на ЈП Водовод од 4-5.